Турција, чија армија е втора по големина во НАТО, е подготвена да распореди сили во Украина „ако е потребно“ за да гарантира мир, соопшти денеска Министерството за одбрана.
„Прашањето за придонес во мисијата ќе биде оценето со сите засегнати страни доколку се смета дека е неопходно за воспоставување регионална стабилност и мир“, се вели во соопштението на турското Министерство.
По последните настани, се додава, не е можно да се обезбеди европска безбедност без учество на Турција.
„Како членка на НАТО и на ОБСЕ, Турција е составен дел на европската безбедносна архитектура со нејзината одбранбена индустрија во развој, нејзината важна улога во решавањето на регионалните кризи и нејзината моќна војска“, се вели во соопштението од Анкара.