Палестинските лекари и спасувачките тимови извлекоа 30 тела од урнатините во Појасот Газа, со што вкупниот број на загинати во палестинската енклава се искачи на 48.440.
Министерството за здравство на Газа соопшти дека билансот вклучува четворица Палестинци убиени во израелски напади во изминатите 48 часа, како и уште едно починато рането.
„Многу жртви се уште се заробени под урнатините и на патиштата, бидејќи спасувачите не можат да стигнат до нив“, се вели во соопштението, јавува Anadolu.
Договорот за прекин на огнот и размена на заробеници во Газа е на сила од 19 јануари, со што се запре војната што предизвика широко уништување и ја остави палестинската енклава во урнатини.
Се наведува дека и покрај прекинот на огнот, локалните власти во Газа речиси секојдневно известуваат за прекршување на примирјето.