Зеленски му нареди на министерот за одбрана да набави прецизни информации за американската воена помош

Сподели со своите пријатели

Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа објави дека му наредил на министерот за одбрана и на другите официјални лица да дадат точни информации во врска со испораките на воена помош, откако САД објавија дека ја прекинуваат помошта за Киев.

Loading...

Зеленски во синоќешното видео обраќање додаде дека побарал од министерот, шефот на разузнавачката служба и дипломатите да контактираат со нивните американски колеги и да добијат официјални информации, пренесе Ројтерс.

Одржувањето на нормален однос на партнерство и конструктивна соработка со Америка е од клучно значење за завршување на војната.

Никој од нас не сака војната да трае бесконечно, рече тој.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Најголем напад до сега: Русија испука над 700 дронови врз Украина

Зеленски повторно изрази жалење за неговите остри зборови за време на неговата средба со претседателот Доналд Трамп во Белата куќа минатата недела.

„Ние сè уште треба да најдеме сила да одиме напред, почитувајќи се едни со други, како што отсекогаш сме ја почитувале Америка“, рече украинскиот претставник.

Според него, Русија не го променила својот став кон Украина и по три години војна.

Ќе бараат да ја намалиме армијата, ќе бараат да се откажеме од нашите територии, посочи Зеленски, додавајќи дека во тоа нема да успеат ако сите во Украина бидат обединети.

Loading...