Папата ја надмина најкритичната фаза од болеста, но се уште не е вон животна опасност

Сподели со своите пријатели

Лекарите денеска соопштија дека папата Франциско ја надминал најкритичната фаза од инфекција на белите дробови, две недели откако беше примен во болница во Рим поради бронхитис, но и посочија дека се уште не е надвор од животна опасност.

Loading...

Во соопштението на Ватикан се вели дека 88-годишниот папа продолжува да закрепнува. Тој сè уште користи дополнителен кислород.

Дополнително, тој ја напуштил својата болничка соба за да отиде во блиската приватна капела за да се моли.

Папата покажа постојани, ако и мали, подобрувања оваа недела по респираторната криза и проблемите со бубрезите во текот на викендот, што ги зголемија стравувањата за неговиот живот. Подобрувањата ги поништија шпекулациите за непосредна смрт или оставка.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Ким Џонг Ун нареди целосна подготвеност да се користи способноста за нуклеарен удар

И покрај подобрувањата во неговото здравје, краткорочниот календар на настани на папата Франциско е променет.

Ватикан ја откажа Светогодишната аудиенција закажана за сабота, а останува да се види дали папата трета недела по ред ќе го прескокне неделниот благослов.