Кинеското Министерство за трговија соопшти дека се противи на најновата закана на американскиот претседател Доналд Трамп за воведување дополнителни царини за кинески стоки.
Loading...
Министерството најави и одговор доколку кинеските компании се погодени од овие мерки, објави Ројтерс.
Министерството ги обвини САД дека ја префрлаат вината за протокот на фентанил во САД и го повика Вашингтон да се „врати на вистинскиот пат“ што е можно поскоро и да ги реши разликите преку дијалог.
Како што беше претходно објавено, Трамп рече дека планира да воведе дополнителни царини од 10 отсто за увоз на стоки од Кина.