Времето денеска низ Македонија ќе биде променливо облачно, претпладне по котлините со појава на магла и ниска облачност.
Попладне и кон крајот на денот ќе има повремени локални врнежи од дожд, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од 11 до 17 степени.
Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежно сончево време со мала облачност.
Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец.
Утринската температура ќе се движи околу четири степени, додека максималната дневна се очекува да достигне 11 степени целзиусови.
Утре низ кумановско ќе имаме облачно време со слаб до умерен југоисточен ветер.
Температурата во утринските часови ќе се движи околу четири степени, а максималната дневна се очекува да достигне 11 степени целзиусови.
Ноќта кон недела се очекува дожд.
Во недела ќе имаме облачно време со врнежи од дожд.
Ќе дува слаб до умерено засилен ветер од северен правец, а температурата ќе се движи од минимални 2 до максимални 9 степени целзиусови.
Од понеделник се очекува разведрување и пораст на дневните температури.
Никола Ивановски