Ватикан: Папата Франциско добро спиеше и се одмара

Сподели со своите пријатели

Папата Франциско, кој беше хоспитализиран поради билатерална пневмонија, добро спиел во текот на ноќта и се одмара, соопшти денеска Ватикан.

Loading...

Ватикан во средата објави дека состојбата на папата е подобрена, а претходно дијагностицираниот проблем со бубрезите е решен.

Во вторникот, Ватикан соопшти дека папата останал во критична состојба четврти ден по ред, но е стабилен и немал нови респираторни проблеми.

Прогнозата, како што тогаш се најавуваше, сè уште беше неизвесна, но „стабилни“ беа и неговите параметри кои ја мерат функцијата на циркулаторниот систем.

Франциско, кој е папа од 2013 година, имаше неколку здравствени проблеми во последните две години.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Браќата Тејт избегаа во САД? Jа напуштија Романија во зори сред судењата за силување и трговија со луѓе

Тој е склон на белодробни инфекции бидејќи како млад му се појавил плеврит и хируршки му е отстранет дел од белите дробови.