Татко и син со огнено оружје се заканувале на маж од Лопате

Сподели со своите пријатели

Шеесет и петгодишник од кумановското село Лопате пријавил вчеравечер во полиција дека две лица му се заканувале со огнено оружје.

Loading...

– На 25.02.2025 во 22.00 часот во СВР Куманово, Н.С. (65) од село Лопате, кумановско, пријавил дека Ф.С. и неговиот син му се заканувале нему и на неговото семејство со огнено оружје, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Оттаму додаваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Приведени три лица во Липково, натепале сограѓанин и му се заканувале со оружје