Повеќе од 20 лица загинаа кога авион на суданската армија се урна во предградието на Картум, објави Ројтерс, повикувајќи се на воени и болнички извори.
Loading...
Меѓу загинатите во несреќата што се случи во вторникот има и цивили.
Животот го загуби и поранешниот командант на воениот регион Картум, генерал Бар Ахмед.
Се тврди дека причината за несреќата е техничка по природа.
Армијата соопшти дека авионот Антонов се урнал при полетување од воениот аеродром Вади Сејдна, пренесе АФП.