Земјотрес во Индонезија, нема повредени

Сподели со своите пријатели

Земјотрес со јачина од 6 степени го погоди северниот дел на Индонезија, соопшти Индонезиската метеоролошка агенција.

Loading...

Не е издадено предупредување за цунами, а властите не пријавиле повредени или материјална штета.

Земјотресот се случи во 06:55 часот по локално време во близина на брегот на островот Сулавеси.

Американскиот геофизички институт соопшти дека земјотресот бил со јачина од 6,1 степени.

Индонезија се наоѓа на Пацифичкиот огнен прстен, област со голема сеизмичка и вулканска активност.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  „Трамп ефект“. ЕУ ги ограничува ригорозните „зелени регулативи“