Два земјотреси ја погодија областа околу грчкиот остров Санторини

Сподели со своите пријатели

Два сеизмички потреси со јачина од 4,5 и 4,2 степени според Рихтеровата скала се регистрирани на подрачјето меѓу островите Аморгос и Санторини во Грција, соопшти денеска Геодинамичкиот институт на Националната опсерваторија во Атина, а пренесува Катимерини.

Loading...

Како што е соопштено, во 01:08 часот по полноќ, земјотрес со јачина од 4,5 степени според Рихтеровата скала е регистриран на 23 километри југо-југозападно од островот Аморгос.

Претходно, синоќа во 22 часот и 55 минути истото подрачје го погоди земјотрес со јачина од 4,2 степени.

Институтот ги окарактеризира двата земјотреси како „слаби“.

„Катимерини“ потсетува дека од 26 јануари трае серија земјотреси во оваа област и дека оттогаш се забележани повеќе од 16.900 потреси посилни од еден по Рихтеровата скала.

На неколку острови во регионот е воведена вонредна состојба која ќе трае до 14 март.