Рубио: Договорот со Украина за испорака на ретки метали ќе врати дел од американската помош

Сподели со своите пријатели

Американскиот државен секретар Марко Рубио изрази надеж дека САД ќе постигнат договор со Украина за снабдување со ретки земни минерали, што делумно ќе ја компензира американската финансиска помош за Украина за време на војната што Русија ја води против неа.

Loading...

„Дел од тие пари ќе одат за враќање на милијарди долари од американските даночни обврзници потрошени во таа земја“, рече Рубио во интервју за радио еден ден откако Доналд Трамп телефонски разговараше со рускиот претседател Владимир Путин.

Рубио додаде дека вториот дел од парите ќе бидат за обнова на Украина разурната од војна.

Американската администрација во средата објави дека Украина треба да ѝ отстапи дел од својата територија на Русија, а Рубио рече дека САД имаат „долгорочен интерес за независност“ на земјата.

„Се надевам дека наскоро ќе имаме новости за тоа: можност за воспоставување партнерство со Украина, заедничко вложување или нешто слично, за нејзините минерални права, сите природни ресурси што ги има“, рече тој.

Трамп, кој ја критикуваше американската помош за Украина откако Русија ја нападна, неодамна изјави дека сака договор за пристап до украинските минерални ресурси како услов за континуирана поддршка од САД.

Украина има големи резерви на литиум и титаниум од суштинско значење за напредните технологии, вклучително и воздушната и електричните возила.