Времето денеска низ Македонија ќе биде умерено до значително облачно, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Претежно во југозападните делови ќе има повремен локален слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, кој наместа долж Повардарието повремено ќе засилува.
Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 3, а максималната ќе достигне од 6 до 11 степени.
Во Куманово денеска ќе имаме облачно време. Ќе дува слаб до умерено засилен јужен ветер.
Утринската температура ќе се движи околу три степени, а максималната дневна се очекува да достигне 10 степени целзиусови.
Утре низ кумановско ќе имаме претежно облачно време со кратки сончеви периоди.
Ќе дува слаб до умерено засилен северен ветер.
Температурата во утринските часови ќе се движи околу еден степен во негатива, додека максималната дневна се очекува да се искачи до шестиот степен.
Во недела ќе имаме претежно сончево време со мала облачност и слаб до умерен северен ветер.
Температурата во утринските часови ќе се движи околу еден степен во негатива, а максималната дневна ќе достигне 10 степени целзиусови.
Од понеделник ќе имаме суво време со пад на температурите во првиот дел од неделата, а во вториот дел температурите ќе растат, но ќе имаме врнежи од дожд.
Никола Ивановски