Белорусија ослободи тројца затвореници, меѓу кои американски државјанин и еден новинар

Сподели со своите пријатели

Белорусија ослободи тројца затвореници, вклучително и новинар на Радио Либерти финансиран од американската влада и американски државјанин, соопшти Белата куќа.

Loading...

Прес секретарот на Белата куќа, Каролин Левит, вчера го потврди ослободувањето на три лица, меѓу кои „еден Американец и две лица од Белорусија, од кои едното работеше за Радио Либерти“, објави Гардијан.

Ослободениот Американец не е идентификуван.

Лидерката на опозицијата Светлана Циханускаја објави на социјалните мрежи дека меѓу ослободените е и активистката Алена Маушук, која е во тешка здравствена состојба, додавајќи дека сите тројца ослободени се во Вилнус.

Меѓу ослободените е Андреј Кузњецчик, новинар на Радио Слободна Европа, познат во Белорусија како Радио Свобода.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  „Најопасно време да се биде новинар“: Рекорден број на загинати новинари во 2024 година

Стивен Капус, претседател на Радио Слободна Европа (РСЕ) рече дека ова е радосен ден за Андреј, неговата сопруга и нивните две мали деца.

„По повеќе од три години разделба, ова семејство е повторно заедно благодарение на претседателот (на САД) Доналд Трамп“, истакна тој.

РСЕ е радиодифузер финансиран од Конгресот на САД, основан за време на Студената војна за да пренесува информации од зад Железната завеса.

Loading...

Во неделата, милијардерот Илон Маск, кој ги предводи напорите за намалување на трошоците на администрацијата на Трамп, повика на затворање на РСЕ и уште еден радиодифузер финансиран од Конгресот, Гласот на Америка, пренесува Танјуг.