Скопјанец прегазил 76-годишна кумановка

Сподели со своите пријатели

Седумдесет и шестгодишна кумановка се здобила со тешки телесни повреди откако во неа удрил „форд“ управуван од скопјанец.

Loading...

– На 12.02.2025 околу 08.20 часот во СВР Куманово било пријавено дека на ул.„Иво Лола Рибар“ во Куманово, товарно возило „форд транзит“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.З.(63) од Скопје, удрило во пешакот В.Т.(76) од Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што додаваат од МВР, во несреќата со тешки телесни повреди се здобила В.Т., констатирани во Општа болница Куманово.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Без струја денеска и утре неколку локации низ кумановско