Европските берзи на рекордно ниво по разговорите Трамп – Путин

Сподели со своите пријатели

Цените на акциите утрово пораснаа на европските берзи бидејќи инвеститорите се надеваат дека иницијативата на американскиот претседател Доналд Трамп наскоро ќе доведе до крај на војната меѓу Русија и Украина.

Loading...

Индексот STOXX 600 на водечките европски акции во 9:30 часот порасна за 0,5 отсто, достигнувајќи ново рекордно ниво.

Иако лондонскиот FTSE индекс падна за 0,45 отсто, на 8.767 поени, франкфуртски DAX порасна за 1,06 отсто, на 22.380 поени, а париски CAC за 0,86 отсто, на 8.110 поени.

На берзите владее добро расположение бидејќи инвеститорите се надеваат на крај на војната меѓу Русија и Украина.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Трамп нареди реструктуирање на американската надворешна служба во согласност со неговата агенда

Трамп разговараше со Путин и Зеленски

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера разговараше со претседателите на Русија и Украина, Владимир Путин и Володимир Зеленски, кои изразија желба да започнат мировни преговори.

Пазарите се поддржани и со подобри од очекуваните квартални деловни резултати од европските компании.

Благодарение на ваквите резултати утринава цената на акциите на Нестле скокна за речиси 7 отсто, а на Сименс речиси 6 отсто.