Демонстрантите кои бараат целосно спроведување на договорот за прекин на огнот меѓу Израел и Хамас, кој вклучува ослободување на израелските заложници кои ги држеше палестинската група, го блокираа автопатот Ајалон во Тел Авив.
Стоејќи на средината на големата сообраќајница што минува низ градот, семејствата и групата која се бори за правата на жените држеле големи фотографии од заложниците кои Хамас ги заробил за време на нападот на 7 октомври 2023 година, објави утринава Тајмс оф Израел.
Израелскиот портал забележува дека сите тројца заложници кои Хамас ги ослободи во саботата, Ели Шараби, Ор Леви и Охад Бен Ами, се вратиле во Израел исцрпени и со многу лоша здравствена состојба.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вчера изјави дека Израел ќе продолжи со интензивните борби во Појасот Газа доколку Хамас не ги ослободи сите заложници до сабота напладне „додека Хамас конечно не биде поразен“.
Посредниците во преговорите меѓу Израел и Хамас, Египет и Катар, ги интензивираа напорите за спас на договорот за прекин на огнот во Газа, објавија египетските државни медиуми, пренесува Танјуг.