Естонско разузнавање: Кина му помага на руското производство на воени дронови

Сподели со своите пријатели

Кина го помага руското производство на воени дронови со тоа што го олеснува шверцот на клучните компоненти произведени на Запад кои им се потребни на вооружените сили на Москва, објави Естонската разузнавачка служба, пренесе Танјуг, повикувајќи се на Ројтерс.

Loading...

Приближно 80 такви компоненти кои пристигнуваат во Русија доаѓаат од Кина, според естонскиот извештај за национална безбедност, додавајќи дека Кина е „примарниот центар“ на Русија за увоз на стоки со висока технологија и двојна употреба, за да се избегнат западните санкции.

„Интересите на Кина овде лежат во спречувањето на Русија да ја загуби војната во Украина, бидејќи таквиот исход би претставувал победа за САД, кои се главниот ривал на Кина“, рече Каупо Росин, генерален директор на естонската служба.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Руте: Мировниот договор за Украина мора да биде траен, а Киев мора да биде вклучен во преговорите

Тајни трансфери

Во извештајот се наведува дека Русија нема домашни алтернативи за делови за беспилотни летала, па тие главно доаѓаат од Запад.

„Кинеската влада ја олеснува билатералната соработка и тајниот трансфер на компоненти со двојна употреба преку приватни компании. Овој пристап веројатно ја намалува зависноста на Русија од западните компоненти и, на долг рок, може да ја поткопа способноста на Западот да има влијание во овој домен“, се вели во соопштението.

Портпаролот на кинеската амбасада во Талин изјави за Ројтерс дека овие наводи „немаат суштински докази од надворешни извори“ и се дел од „координирана и намерна кампања за клевета на Кина“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Европските берзи на рекордно ниво по разговорите Трамп - Путин

„Кина никогаш не обезбедува оружје за страните во криза и строго го контролира извозот на предмети со двојна употреба. Кинеските мерки за контрола на обемот и извозот за беспилотни летала, вклучително и важни компоненти, се најстроги во светот“, рече тој.