Полјански: Европа ја загуби својата клучна улога во решавањето на украинскиот конфликт

Сподели со своите пријатели

Европа ја загуби клучната улога во решавањето на украинскиот конфликт, изјави денеска првиот заменик постојан претставник на Русија во ОН Дмитриј Полјански.

Loading...

Тој на социјалната мрежа Х ја коментираше најавата на шефицата на европската дипломатија Каја Калас со заедничка изјава на шефовите на министерствата за надворешни работи на Германија, Полска и Франција.

Во соопштението, на кое се приклучија и претставници на Шпанија, Италија и Велика Британија, се посочува дека европските земји се подготвени да ја зголемат помошта за Киев.

Самата Калас, исто така, во објавата придружена со заедничката изјава напиша дека во какви било преговори за конфликтот „Европа мора да преземе централна улога“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Трамп: Не е практично Украина да влезе во НАТО

„Европа ја загуби својата централна улога со оштетување на нејзината економија, отфрлање на евтините руски енергетски ресурси и ограничување на нејзиното политичко влијание пред она што го прават САД. Сега вашата улога е да стоите во аголот и да гледате“, напиша Полјански, пренесува РИА Новости.

Во средата во Париз се одржа состанок на министрите за надворешни работи на Вајмарскиот триаголник во проширен формат, на кој се разговараше за ситуацијата во Украина и европската безбедност.

Потоа, на министрите им се придружија и министрите за надворешни работи на Велика Британија и Украина за да разговараат за ситуацијата во Украина.

Изјавата на европските министри е објавена по телефонскиот разговор меѓу американскиот и рускиот претседател Доналд Трамп и Владимир Путин, а потоа и меѓу Трамп и украинскиот претседател Володимир Зеленски, за итен почеток на преговори за ставање крај на војната, пренесува Танјуг.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Трамп најави дека ќе се сретне лично со Путин, објави и каде