Марихуана пронајдена кај Сириец во Куманово

Сподели со своите пријатели

Четириест и двегодишник од Сирија бил приведен вчера во кумановско, а полицијата кај него пронашла и одзела марихуана.

Loading...

– На 11.02.2025 во 14.45 часот на автопатот Табановце – Куманово, полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Север го лишиле од слобода С.Н.(42) од Сирија затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана, информраат од Министерството за внатрешни работи.

Како што ддодаваат од полицијата, тој бил предаден на полициски службеници во СВР Куманово, по што ќе биде спроведен во Транзитниот центар во Табановце, каде и претходно престојувал.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Лани згаснале 190 фирми во Куманово