Арапска лига: Раселувањето на Палестинците од Појасот Газа е неприфатливо за арапскиот свет

Сподели со своите пријатели

Генералниот секретар на Арапската лига Ахмед Абул Геит денеска изјави дека раселувањето на Палестинците од нивната територија е „неприфатливо за арапскиот свет“.

Loading...

„Ние Арапите сто години се боревме со оваа идеја и сега не сме подготвени да капитулираме“, рече Абул Гаит на самитот на светската влада во Дубаи, одговарајќи на прашање за инсистирањето на американскиот претседател Доналд Трамп Палестинците да го напуштат Појасот Газа.

„Денес фокусот е на Појасот Газа, а утре ќе биде на Западниот Брег со цел да се испразни историската Палестина од нејзините оригинални жители“, рече Абул Гаит.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Трамп се заканува дека ќе го „отвори пеколот“ во Газа

„Ова е неприфатливо за арапскиот свет“, додаде тој.

Тој потврди дека на 27 февруари во Египет ќе се одржи самит за палестинското прашање, додавајќи дека арапските земји имаат рок од две недели да постигнат заеднички став за оваа тема.