Зеленски по рускиот напад на Киев: Путин не се подготвува за мир

Сподели со своите пријатели

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави денеска дека само силни чекори и притисок врз Москва можат да ја сопрат Русија и повика на единство и поддршка од сите партнери на Украина во соочувањето со руската агресија.

Loading...

„Овој руски терор против Украина нема да престане сам по себе. Путин не се подготвува за мир – тој продолжува да убива Украинци и да уништува градови. Само силни чекори и притисок врз Русија можат да го запрат овој терор. Во моментов ни треба единство и поддршка од сите наши партнери во борбата за праведен крај на оваа војна“, рече Зеленски на Телеграм.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Медведев: Изјавата на Зеленски за можноста за размена на територии е глупост

Како што претходно објавија украинските медиуми, едно лице загина, а четворица се повредени во руски ракетен напад врз Киев, меѓу кои и едно деветгодишно девојче.

Во текот на ноќта во Киев се слушнаа серија експлозии, а воздушната одбрана (ПВО) предупреди на закана од употреба на балистичко оружје.