Трамп: Многу го цениме ослободувањето на американскиот државјанин од Путин

Сподели со своите пријатели

Американскиот претседател Доналд Трамп рече дека САД многу го ценат ослободувањето на американскиот државјанин Марк Фогел од страна на руските власти.

Loading...

Ова, според него, може да стане важен елемент во решавањето на украинската криза.

„Навистина ценам што му дозволија на Марк да се врати дома… Го цениме тоа што го направи рускиот претседател Владимир Путин“, рече Трамп, кој го прими Фогел во Белата куќа откако беше ослободен.

И Трамп и Фогел изразија благодарност до Путин, а ослободениот Американец рече дека одлуката на рускиот претседател да го помилува ја гледа како великодушен гест.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Франција се противи на плановите на Трамп за преселување на Палестинците од Газа

Трамп ги опиша условите од договорот со Русија за враќањето на Американецот како многу фер и разумни и додаде дека некој друг ќе биде ослободен денеска, иако не прецизираше за кого станува збор и каде ќе се случи.

Зборувајќи за процесот на решавање на украинскиот конфликт, американскиот претседател повтори дека е постигнат значителен напредок.

„Ослободувањето на Фогел може да биде многу важен елемент во процесот на завршување на украинскиот конфликт. Мислам дека постигнавме значителен напредок“, рече Трамп, додавајќи дека постои добра волја во процесот.

Фогел и неговата сопруга беа приведени на аеродромот Шереметјево во август 2021 година. Во неговиот багаж биле пронајдени марихуана и масло од коноп.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кина: Газа им припаѓа на Палестинците

При претресот било утврдено дека неговата сопруга, која била пуштена дома, пред да пристигне полицијата успеала да извади докази од станот.

Како што објасни руското Министерство за внатрешни работи, до мај 2021 година, Фогел и неговата сопруга имале дипломатски статус.

Според една верзија, осомничениот можел да го искористи ова за да организира канал за испорака на наркотици во Русија, што го дистрибуирал меѓу учениците во англо-американското училиште каде што работел како учител.

Поранешен вработен во американската амбасада е обвинет за шверц и складирање на големи количества дрога, пренесува Спутник.

Фогел целосно ја призна вината. Судот во Московската област го осуди на 14 години затвор.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ОН: Над 12.600 цивили убиени од почетокот на војната во Украина