Полициски службеници од Младо Нагоричане повредени во сообраќајка

Сподели со своите пријатели

Тројца полициски службеници, од кои двајца од селото Младо Нагоричане биле повредени во сообраќајка што вчера се случила на патот Охрид – Струга.

Loading...

– На 10.02.2025 околу 17.20 часот во Полициската станица Струга било пријавено дека на магистралниот пат Охрид – Струга, кај крстосницата од ул.,,Мислешески пат“ и ул.,,Едвард Кардељ“ во Струга, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел“ со струшки регистарски ознаки, управувано од М.А.(51) од Струга и патничко возило „форд фокус“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.П.(28) од Скопје, сопственост на МВР, информираат од Министерството за внатрешни работи.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  КБК Предатор од Куманово освои 20 медали на Државното кик-бокс првенство

Како што додаваат од МВР, во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот и сопатничката Д.Ј.(30) од селото Младо Нагоричане, кумановско, (двајцата полициски службеници) констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид, додека со телесни повреди се здобил уште еден полициски службеник – Д.К.(27) од Скопје и возачот  М.А., констатирани во Општа болница Струга.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Струга.

Никола Ивановски