Кик-бокс клубот Предатор од Куманово викендов освои вкупно 20 медали на Државното првенство што се одржа во Скопје.
Во конкуренција од над 400 натпреварувачи од низа клубови од цела Македонија, КБК предатор учествуваше со 26 кик-боксери.
Петмина од нив станаа државни шампиони во категориите во кои се натпреваруваа. Меѓу нив се истакнува јуниорот Наум Милановски кој стана државен првак во две категории. Освен него злато освоија и Нина Денковска – постар кадет, Ева Милановска – помлад јуниор, Јаков Ѓорчевски – помлад јуниор и Петар Станковски – постар јуниор.
Државни вицешампиони, односно натпреварувачи кои се вратија со сребрен медал се: Стојан Крстов – сениор, Андреа Георгиевска – постар јуниор, Дамјан Петковски – помлад јуниор, Давор Маријановиќ – сениор, Христина Бојковска – постар кадет и Анастасија Денковска и Гаврил Гигов во категоријата деца.
Со бронзен медал и освоено трето место на турнирот се: Матеј – Ѓорѓи Николовски – помлад кадет, Марко Бојковски – помлад кадет, Давид Ангеловски – постар кадет, Вилиам Трајковски – постар кадет, Андреа Георгиевска – јуниор, Ева Милановска – јуниор и Јован Трајковски во категоријата деца.
Според бројот на освоени медали, КБК Предатор се најде во топ 10 најдобри клубови кои учествуваа на првенството.
Државното првенство е во организација на Кик-бокс федерацијата на Македонија.
Никола Ивановски