Нашите баби ги ставаат сувите цветови од лаванда во плакари за да мириса поубаво гардеробата.
Покрај оваа намена, исушените цветови се користеле и за растерување на досадни инсекти како што се комарците.
Од ова растение се прават чаеви, есенцијални масла, капки, купки, омекнувачи, но се користи и за инхалација. Етеричното масло од лаванда нема никакво штетно дејство, може да го користат и постарите и помладите, а ефикасно е за многу тегоби и болести.
На што поволно делува лаванда?
![purple lavender flower field closeup photography](https://img.kumanovskimuabeti.mk/17b17a87c4b144e087c2b2fbf4fe0b39:img/2025/02/tyo_mznzuny-1024x768.jpg)
Доколку не сте знаеле, лавандата е одличен сојузник во борбата против алергии, астма, бронхитис, болки во грлото, орални инфекции, кашлица, синузитис, конјунктивитис, мигрена, главоболки, изгореници, исеченици, депресија, стрес, хипертензија, лошо здив и со варење.
Лавандата има и силни антисептички својства. Маслото од лаванда може да биде одлично средство за дезинфекција и добра замена за алкохолот.
Покрај тоа, лавандата може да ја смири иритираната кожа – затоа се препорачува како природен лек за мрсна кожа, акни, псоријаза, егзема и дерматитис.
Помешано со други билки како камилица или рузмарин, неговиот ефект ќе биде зајакнат.