Спортските обложувалници Евротип, кои се дел од КС Групацијата, ја официјализираа соработката со кошаркарскиот клуб МКК Куманово.
Официјалното потпишување на договорот за спонзорство се случи пред саботниот натпревар од првата македонска лига помеѓу домаќинот МКК Куманово и КК Кожув. На истиот присуствуваа претставници од раководството на кумановскиот клуб и од компанијата Евротип.
На потпишување на договорот беше направена и промоција на новите клубски дресови на кои стои логото на Евротип. Публиката која беше присутна на натпреварот беше пријатно изненадена со бројни награди кои им ги додели менаџерката на Евротип за Куманово, Јелена Шутевска.
Евротип без сомневање ќе биде сојузник на МКК Куманово на патот кон идни успеси во кошарката.