Над 240 дојави за бомби денеска низ Македонија

Сподели со своите пријатели

Над 240 лажни дојави за бомби примиле училиштата низ целата држава,информираше денеска директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев.

Loading...

Тој посочи дека било контантирано и со Интерпол и Европол, но и со Хрватска и Унгарија кои изминатите денови беа мета на исти хибридни напади.

– Училиштата од денеска ќе добијат јасни инструкции што понатаму ќе се прави во иднина доколку се сторат ваквите настани. Директорите на училиштата постапија согласно протоколите. Македонската полиција и сите агенции за спроведување на законот покажаа јасна и одлучна борба против сите видови на криминал. Немаме дојава за криминал, каде што не сме одговориле или постапиле. Фокусот е да ги обезбедиме граѓаните од безбедносен аспект, но и од криминалот. Сите денешни дојави беа лажни, рече Јанев.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  МВР: Сите дојави за бомби се лажни

Никола Ивановски