Кик боксери на клубот Куманово 2006 претстојниот викенд ќе учествуваат на Државното кик-бокс првенство на Македонија.
Loading...
Во спортската сала „Јане Сандански“ утре и задутре ќе се одржи државното првенство кое е во организација на Кик-бокс федерацијата на Македонија.
– Ќе учествуваме со свои натпреварувачи и претставници. Трениравме напорно последниот месец и очекуваме добри резултати и медали, изјаив тренерот Сашо Илиевски.
Инаку, на државното првенство учество ќе земат над 400 натпреварувачи од повеќе клубови од државата, што како што истакна Илиевски, докажува дека кик боксот е најмасовен и натрофеен спорт во државата.
Никола Ивановски