Пишува: Слободан ТОМИЌ
Македонија денес не се соочува со обична политичка криза, туку со целосна заробеност на правосудниот систем.
Веќе 34 години, судиите не служат на граѓаните, туку на партиските шефови кои ги назначиле. Наместо правда, добивме партиска машинерија за уценување, заштита на криминалот и елиминација на политички противници.
Ова е причината зошто премиерот Христијан Мицкоски ја најави најрадикалната мерка во македонската историја – интерпелација на сите судии во парламентот.
Тој директно ја предизвика судската мафија, испраќајќи јасна порака: времето на неказнивоста заврши!
Но, дали ова ќе биде вистински расплет на 30-годишниот криминален заплет во правосудството, или системот повторно ќе најде начин да преживее?
„Ударот во чело“: Правосудниот октопод мора да се скрши
Изјавата на Мицкоски за „удар во чело“ на судството не е случајна – тоа е јасен сигнал за фронтален напад врз правосудната мафија. Со децении, секоја власт зборуваше за „реформи“, но никој не се осмели да удри по корумпираните судии.
Слична метафора пред две децении употреби и Бранко Црвенковски, кога призна дека криминалот во Македонија функционира како огромен октопод, чии пипци се протегаат низ сите институции.
„Октоподот не може да се сече по пипците, туку мора да му се удри по главата.“ – велеше Црвенковски.
Но, разликата е што тогаш ова остана само празна реторика.
Мицкоски сега оди чекор понатаму – наместо само да зборува, тој почна да делува.
Со неговиот предлог за интерпелација на сите судии, за прв пат во историјата ќе се испита кој суди, за кого работи и дали има врски со политички и криминални структури.
Пирамидата на корупцијата: Судството како изопачена верзија на Маслов
Американскиот психолог Абрахам Маслов ја дефинираше пирамидата на човечките потреби – од основните физиолошки потреби, па сè до самореализација.
Но, македонското судство функционира како пирамида на корупцијата, каде што наместо правда, судиите се движат кон тотална контрола над државата:
- Основно ниво – страв и лојалност кон партиите
- „Кој ќе ми даде судиска функција?“
- „Ако не слушам, ќе ме сменат.“
- Второ ниво – коруптивен комфорт
- „Колку ќе добијам за да донесам пресуда во нечива корист?“
- „Партијата ме назначи, морам да ѝ служам.“
- Трето ниво – неказнивост
- „Судијата не смее да биде гонет, ние сме систем што се штити сам себеси.“
- „Законот не важи за нас.“
- Четврто ниво – манипулација со политиката
- „Кој не е со нас, ќе заврши во судски процес.“
- „Ќе штитиме само одредени луѓе.“
- Петто ниво – апсолутна контрола
- „Јас одлучувам кој оди во затвор, кој ќе биде заштитен.“
- „Никој не може да нè допре.“
Оваа пирамида на криминалот и неказнивоста мора да се урне.
Интерпелација на сите судии – историски пресврт
Што значи предлогот за интерпелација на судиите во парламентот?
- Прв пат во историјата, судиите ќе мора да одговараат пред народот.
- Ќе се испита нивната работа, одлуките и врските со политичари и криминални структури.
- Парламентот ќе има можност да предложи разрешување на сите кои работат спротивно на интересите на граѓаните.
Ова е најсилниот удар по судската мафија досега!
Но, судиите нема да седат со скрстени раце. Ќе гледаме отпор од СДСМ, ДУИ, амбасадорски мрежи и медиуми кои ќе тврдат дека ова е „атак врз правната држава“.
Но, прашањето е – каква правна држава?
Онаа во која судиите штитат нарко-босови? Онаа во која криминалци добиваат смешни казни, а чесните граѓани се прогонуваат?
Ако ова е „правна држава“, тогаш Мицкоски е во право што повикува на „удар во чело“ на овој систем!
Крај на октоподот или уште едно разочарување?
Следните месеци ќе бидат клучни. Ќе видиме дали „ударот во чело“ на македонското судство ќе биде:
- Крај за правосудниот октопод – ако интерпелацијата успее, Македонија ќе направи историски чекор кон вистинско прочистување на правосудството.
- Или уште едно разочарување – ако судиите и нивните заштитници најдат начин да го блокираат процесот, тоа ќе значи дека тие се посилни од народот.
Едно е сигурно – Мицкоски ја започна најжестоката битка што Македонија ја видела во последните 30 години.
Судиите, политичарите и криминалните кланови кои мислат дека ќе го преживеат ова, грешат.
Расплетот следи!