Приведени двајца кумановци. Полицијата им пронашла грутчеста материја

Сподели со своите пријатели

Две лица од Куманово биле приведени вчера откако полицијата кај нив пронашла грутчеста материја, за која се сомневаат дека е дрога.

Loading...

– На 05.02.2025, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода И.А. (43) и Н.А.(37), двајцата од Куманово, затоа што кај нив била пронајдена грутчеста материја, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни пријави.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Илина од Куманово ќе ја претставува Македонија на Европска математичка олимпијада