Мерц ја отфрли соработката на ЦДУ со екстремната десница АфД

Сподели со своите пријатели

Германскиот опозициски лидер Фридрих Мерц ја отфрли можноста неговата Христијанско-демократска унија (ЦДУ) да соработува со екстремно десничарската Алтернатива за Германија (АфД).

Loading...

„Нема да соработуваме со АфД, ниту пред (избори), ниту после, никогаш. АфД се противи на сето она што нашата земја и нашата партија го изградија во последните години и децении“, рече тој на партискиот конгрес на ЦДУ.

Мерц истакна дека е сигурен оти ЦДУ ќе победи на изборите, закажани за 23 февруари, без помош на АфД, која е втора по анкетите, пренесува Гардијан.

Мерц, исто така, ги критикуваше протестите, кои се одржаа во текот на викендот, откако ЦДУ го прекрши ветувањето дека нема да соработува со АфД, укажувајќи на наводното лицемерие на демонстрантите и порастот на антисемитизмот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Пекинг воведe царини за одредени американски производи

Тој истакна дека никогаш досега „омразата“ кон Израел не била толку изразена како што е сега и дека реакцијата на Германците на антисемитизмот е премногу „неодлучна“.

Мерц рече дека ако неговата влада победи на изборите, ќе ги надмине предизвиците и дека во спротивно постои ризик Германија да ја зафати бран на левичарски или крајно десничарски популизам.

Во петокот во германскиот парламент не беше усвоен предлогот за заострување на имиграциската политика, а нацрт-предлогот вклучуваше воведување ограничувања за повторно обединување на одвоените членови на семејствата на поединечни бегалци, како и повеќе одбивање бегалци на германските граници.

Во текот на викендот, десетици илјади луѓе излегоа на улиците, од кои, според проценките, околу 160.000 беа пред Бранденбуршката порта, во близина на Бундестагот во Берлин.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Столтенберг прифати да биде нов министер за финансии во норвешката влада