Не престануваат земјотресите на Санторини

Сподели со своите пријатели

Според податоците на Геодинамичкиот институт на Националната опсерваторија во Атина, земјотресите се случиле меѓу три и пет часот наутро, а сите четири сеизмички активности биле окарактеризирани како „слаби“, јавуваат грчките медиуми.

Loading...

Во последните три дена во регионот помеѓу Санторини, Аморгос и Иос се забележани 550 земјотреси, од кои сите биле посилни од три степени според Рихтеровата скала, а најсилниот бил со јачина од 4,9 степени.

Стравувањата од нови земјотреси предизвикаа паника кај жителите на Санторини, Аморгос и околните острови.

Многумина одлучија да го напуштат островот, што доведе до голем метеж на пристаништата, а планирани се и дополнителни фериботи и воздушни линии за оние кои сакаат да ги напуштат.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Шест илјади луѓе го напуштија Санторини, кој се уште се тресе

Од безбедносни причини, училиштата во Санторини, Анафи, Иос и Аморгос ќе бидат затворени до петок.

Исто така, за денеска е предвидена средба во Министерството за климатски кризи и цивилна заштита.

На состанокот ќе присуствуваат претставници на локалните власти, Противпожарната бригада, крајбрежната стража, вооружените сили и други надлежни органи.

Официјални лица процениле дека интензивната сеизмичност во регионот може да трае уште неколку дена, па дури и недели, а Манолис Скордилис, професор по сеизмологија на Универзитетот Аристотел во Солун, оцени дека ситуацијата на Санторини е исклучително сериозна и дека земјотресите со јачина над можни се шест.

Loading...

Утре ќе се одржи нов состанок на научниот комитет за проценка на сеизмички ризик за дополнителна проценка на состојбата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Шест илјади луѓе го напуштија Санторини, кој се уште се тресе