ОН: Најмалку 700 загинати во судирите во Конго

Сподели со своите пријатели

Најмалку 700 луѓе се убиени од неделата во судирите во Гома, најголемиот град во Конго, соопштија денеска Обединетите нации.

Loading...

Според портпаролот на ОН, Стефан Дујарик, 2.800 луѓе се повредени, додека бунтовниците М23 поддржани од Руанда го зазеле главниот град на провинцијата Северен Киву, јавува Би-Би-Си.

Бунтовниците сега наводно се упатуваат на југ, кон Букаву, главниот град на Јужен Киву.

Конфликтите во источно Конго датираат од 1990-тите, но ескалираа.

Бунтовниците М23, составени од етничките Тутси, тврдат дека се борат за правата на малцинствата, додека владата на Конго вели дека тие се поддржани од Руанда и сакаат да ја преземат контролата врз минералното богатство во источниот регион на земјата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Италијанскиот суд повторно блокира притвор на мигранти во Албанија

Податоците за бројот на жртвите се собрани со помош на Светската здравствена организација и нејзините партнери, како и владата на Конго, во периодот од недела до четврток.

Во обид да го запре напредувањето на М23, конгоанската армија постави одбранбена линија помеѓу Гома и Букаву, додека стотици цивилни доброволци беа мобилизирани да го одбранат Букаву.

Бунтовниците М23 најавија претходно оваа недела дека ќе продолжат со офанзивата додека не стигнат до главниот град Киншаса, кој е на околу 2.600 километри на запад.

Loading...

Министерката за надворешни работи на Конго, Тереза ​​Кајквамба Вагнер, изјави за Би-Би-Си дека Руанда незаконски ја окупира нејзината земја и се обидува да ја смени владата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  САД: Од денеска стапуваат царини за стоки од Канада, Мексико и Кина

Од друга страна, портпаролката на владата на Руанда, Јоланда Маколо, ги негираше обвинувањата, велејќи дека војниците на Руанда биле распоредени за да спречат ширење на конфликтот на нивна територија.

Регионалната организација Заедница за развој на Јужна Африка изрази поддршка за Конго на самитот што се одржа во Зимбабве, нагласувајќи ја нејзината посветеност за зачувување на независноста, суверенитетот и територијалниот интегритет на Конго.

Според ОН, од почетокот на 2025 година, повеќе од 400.000 луѓе биле принудени да ги напуштат своите домови, додека војниците од јужноафриканските земји претрпеле загуби, при што 16 војници загинале во судирите со М23 околу Гома.

Судирите дополнително ја влошија хуманитарната ситуација, бидејќи жителите на Гома останаа без храна, вода и медицински материјали, пренесува Танјуг.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Во САД конструиран првиот борбен авион Ф-16 Блок 70 за Бугарија