Зошто според народното верување не треба да се бројат ѕвездите? (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Уште од древните времиња кружи приказната дека на Земјата има толку луѓе колку што има ѕвезди на небото, па така секој има своја ѕвезда.

Loading...

 

 

Според народните верувања ѕвездата почнува да свети кога човекот се раѓа, а паѓа или исчезнува кога тој умира. Кога пажа помала ѕвезда, тогаш завршил животот на обичен смртник, а ако е поголема, се верува дека станува збор за некој владетел или личност која на некој начин го задолжила човештвото.

Според верувањата, на децата не им е дозволено да ги бројат ѕвездите затоа што ако ја најдат својата, таа ќе падне и детето ќе почине. Личната ѕвезда постојано не следи, каде и да одиме таа е со нас.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Најкраткиот брак во историјата – траел цели три минути (ВИДЕО)

Кога некој е успешен во својата работа, стекнува ненадејна популарност, добива награди, преживува некоја несреќа и слично, за таквите луѓе постои општа дефиниција, а тоа е дека се родени под среќна ѕвезда.