Песков: БРИКС не бара нова валута, туку за заеднички инвестициски платформи

Сподели со своите пријатели

Членките на БРИКС не разговараат за воспоставување заедничка валута, туку за создавање нови инвестициски платформи, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Loading...

„Факт е дека не се зборува за создавање заедничка валута во БРИКС, ниту пак некогаш имало такви разговори. Се зборува за создавање нови заеднички инвестициски платформи кои ќе овозможат заеднички инвестиции во трети земји“, рече Песков за новинарите како одговор на изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека земјите од БРИКС треба да се обврзат да не создаваат нова валута што ќе го замени американскиот долар.

Трамп рече дека ако тоа се случи, САД ќе воведат царини од 100 отсто на тие земји, пренесува Танјуг.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Трамп прави чиста во ФБИ: На неколку високи функционери им беше кажано да поднесат оставка

Трамп, исто така, претходно ги предупреди земјите од БРИКС – Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка – да не бараат да го заменат доларот како светска валута.