Мона Лиза че добие сопствена соба во Лувр додека музејот се реновира

Сподели со своите пријатели

Мона Лиза ќе добие своја нова соба во музејот на уметност Лувр во Париз, што ќе ѝ овозможи уште подобро да биде изложена пред посетителите.

Loading...

Легендарната слика на Леонардо да Винчи ќе добие просторија што подобро ја одразува нејзината важност како дел од големото реновирање на музејот, изјави во вторникот францускиот претседател Емануел Макрон.

Се очекува зголемување на бројот на посетители

Се очекува бројот на посетители да се зголеми од сегашните 9 милиони годишно на дури 12 милиони.

Трошоците ќе бидат финансирани од сопствени приходи на Лувр, донации и зголемени цени на билетите.

Од јануари 2026 година, секој што не е Европеец ќе мора да плати повеќе за да го посети музејот, иако сумата не е објавена.

Лувр веќе неколку години привлекува внимание со својата дотраена состојба.

Ова вклучува штета предизвикана од навлегување вода, застарени технички уреди и загрижувачки температурни флуктуации кои ги загрозуваат уметничките дела.

Централниот влез под големата стаклена пирамида дизајнирана од кинеско-американскиот архитект И.М.

Loading...

Pei за прв пат беше користен во 1988 година и беше дизајниран за четири милиони посетители.