Швеѓанец се обидел со автомобил да ја пробие оградата на руската амбасада во Стокхолм

Сподели со своите пријатели

Полицијата утрово уапсила 45-годишен маж пред руската амбасада во Стокхолм, откако со автомобилот удрил во ограда додека се обидувал да влезе во областа, пишува шведскиот весник „Афтонбладет“.

Loading...

„Еден човек удри со својот автомобил во оградата. Тој сè уште беше на местото на настанот кога стигнавме”, изјави Даниел Викдал, портпарол на регионалната полиција во Стокхолм.

Мажот сега е осомничен за обид за отежнат прекршок.

„Се сомневаме дека се обидел да влезе во областа пробивајќи ја оградата со автомобил, но не успеал“, рече Викдал.