Во ракетен напад извршен од руски војници врз украинскиот град Запорожје во текот на ноќта, едно лице загина, а 16 се повредени, меѓу кои и едно двомесечно бебе, соопшти Иван Федоров, шеф на Воената управа на Запорожје.
Loading...
„Рускиот ракетен напад врз Запорожје го одзеде животот на едно лице. Загина 47-годишен маж“, напиша Федоров на Телеграм.
Тој додаде дека во нападот се повредени 16 лица, меѓу кои и едно двомесечно бебе, пренесува Укринформ.
Според прелиминарните информации објавени од Федоров, луѓето останале заробени под урнатините.
Русија го нападна Запорожје во текот на ноќта, а најмалку четири експлозии одекнаа во градот.