Гроси: Иран моментално има околу 200 килограми ураниум збогатен до 60% чистота

Сподели со своите пријатели

Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) Рафаел Гроси денеска изјави дека Иран моментално има околу 200 килограми ураниум збогатен до 60 проценти чистота.

Loading...

Гроси им рече на новинарите на економскиот форум во Давос дека ова е блиску до 90 отсто чистота што е потребна за производство на нуклеарно оружје, објави Ројтерс.

Според стандардите на МААЕ, оваа количина на ураниум би била доволна за да се направат пет нуклеарни бомби.

Гроси, исто така, нагласи дека неодамнешното забрзување на процесот на збогатување ураниум до ниво од 60 отсто му овозможи на Иран да ја зголеми стапката на производство седум пати во споредба со претходниот период.