Педесет лица се евакуирани откако денеска се урнаа делови од зграда и скеле на местото на зградата во австралискиот град Сиднеј.
Loading...
10-катница во западниот дел на градот, која требаше да се урне откако стана нестабилна, делумно се урна поради силните ветрови заедно со скелињата околу неа, соопштија денеска австралиските власти, јави телевизискиот канал „7 News“.
Пријавено е дека околу 50 лица се евакуирани од околните згради, а во непосредна близина е во тек акција за расчистување на паднатите делови од зградата.