Цариниците во Франција ги предупредија граѓаните да не консумираат таканаречен афродизијачки мед.
Ова е незаконски увезен мед помешан со лекови кои се користат за лекување на еректилна дисфункција.
Франција заплени тони таканаречен афродизијачки мед полн со опасни состојки.
Царинските службеници ги предупредија граѓаните да не консумираат нелегално увезен мед помешан со лекови за лекување на еректилна дисфункција, јавува Си-Ен-Ен.
Предупредувањето беше издадено откако царинските службеници пријавија рекордни заплени во последните години.
Ова вклучува еден инцидент во кој 14,3 тони од производот беа откриени во пратка од Малезија на пристаништето Марсеј во ноември.
Втората истрага резултирала со запленување на повеќе од 238 килограми во кутија за складирање, пренесува Дневник.хр.
Фалсификуваните медни производи најчесто доаѓаат од Малезија, Турција и Тунис, а во големи количини пристигнуваат со контејнерски бродови или се купуваат во помали количини преку интернет, се вели во соопштението.
Производите како Black Horse и Bio Max се продаваат нелегално, најчесто во ноќни клубови во вид на пијалоци и слатки.
„Купувачите и корисниците не се свесни или ги потценуваат потенцијалните опасности од овие производи“, се вели во соопштението.
Лабораториските анализи открија активни состојки како силденафил и тадалафил, кои се користат за лекување на еректилна дисфункција, се вели во соопштението.
Не е познато колку од активната состојка е содржана во секоја доза, а не се споменуваат можни несакани ефекти или контраиндикации, велат официјалните лица.