Германија ќе се обиде да го одврати Трамп од одлуката за повлекување на САД од СЗО

Сподели со своите пријатели

Германија ќе се обиде да го одврати американскиот претседател Доналд Трамп од неговата одлука за повлекување на САД од Светската здравствена организација (СЗО), изјави денеска германскиот министер за здравство Карл Лаутербах.

Loading...

„Најавата на новиот американски претседател дека се повлекува од Светската здравствена организација (СЗО) е сериозен удар за меѓународната борба против глобалните здравствени кризи“, рече Лаутербах, пренесе Ројтерс.

Тој додаде дека Германија ќе се обиде „да го убеди Доналд Трамп да ја преиспита оваа одлука“.

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера пред своите поддржувачи во Капитол и во Белата куќа потпиша серија извршни наредби, вклучително и онаа за повлекување на САД од Светската здравствена организација (СЗО).

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Маск одговари на нападите на критичарите: Досадни се со тоа „сите се Хитлер“

Тој рече дека САД доделиле многу повеќе пари по глава на жител за СЗО отколку Кина, наведувајќи дека тоа е неправедно, објави NBC.