ОН: Од клучно значење е САД да останат лидер во заштитата на животната средина

Сподели со своите пријатели

Претседателот Доналд Трамп вчера ги повлече САД од Парискиот договор за борба против климатските промени.

Loading...

повлекувањето, генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш е убеден дека американските градови, држави и бизниси „ќе продолжат да покажуваат визија и лидерство работејќи кон нискојаглерод и отпорен економски раст што ќе создаде квалитетни работни места“, рече портпаролката на ОН, Флоренсија Сото Нино во писмена изјава.

„Од клучно значење е САД да останат лидер по прашањата за животната средина“, рече таа.

„Колективните напори според Парискиот договор направија разлика, но мораме да одиме многу подалеку и побрзо заедно.“

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Трамп укина работа од дома за владините службеници

САД мора официјално да го известат генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш за повлекувањето, кое според условите на договорот ќе стапи на сила една година подоцна.

Соединетите Американски Држави се веќе најголемиот светски производител на нафта и природен гас благодарение на долгогодишниот бум на дупчење во Тексас, Ново Мексико и на други места, поттикнати од технологијата на фракинг и високите глобални цени од руската инвазија на Украина.