ЕУ е подготвена да ги зголеми трошоците за одбрана во замена за трговски мир со Трамп

Сподели со своите пријатели

ЕУ сака да му понуди на Доналд Трамп повеќе одбранбени инвестиции, но за возврат бара од него да не започнува трговска војна, изјави во понеделникот Стефан Сежурне, потпретседател на Европската комисија и комесар за индустрија.

Loading...

„Не можеме да имаме трговска војна и во исто време да градиме европска одбрана“, изјави Сежурне за радиото Франс Интер.

Според неговите зборови, ЕУ „не може ефективно да се организира на источниот фронт ако имаме и трговска војна што би не чинела огромно“, рече Сежурне, мислејќи на војната во Украина.

На прашањето дали Европа ќе одговори „со сила“ на потенцијалната трговска војна со Америка, Сежурн реагираше воздржано.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Трамп издаде своја „мим коин“ пред инаугурацијата: Веќе има сериозна вредност

„Не можам да ви одговорам. Во случај на зголемување на царините на американските производи, самите Европејци би настрадале, а трговскиот биланс со САД е многу поволен за Европејците“, посочи еврокомесарот.

Според него, можни се два пристапа: офанзивен и дефанзивен.

„Целиот свет зависи од тоа што ќе прави вечерва Доналд Трамп и што стои во најавените извршни наредби. Ниту Канаѓаните, ниту Мексиканците, ниту ние знаеме што пишува во тие наредби“, заклучи Сежурн.

Трамп најави царини за производите од Мексико и Канада во износ од 25 отсто.

Loading...