САД дадоа согласност за нов руски амбасадор во Вашингтон

Сподели со своите пријатели

САД ја известија Русија дека го одобриле назначувањето на нов руски амбасадор во Вашингтон, изјави висок руски функционер за државната телевизија, пренесува Ројтерс.

Loading...

Новиот амбасадор би можел официјално да биде назначен во следните неколку недели, изјави Григориј Карасин, претседател на Комитетот за меѓународни прашања во Советот на Федерацијата, Горниот дом на рускиот парламент.

„Договорот се уште не е добиен“, изјави портпаролката на Министерството за надворешни работи Марија Захарова за државната новинска агенција ТАСС.

Ниту Карасин, ниту Захарова не го соопштија името на новиот руски амбасадор во Вашингтон. Последниот руски амбасадор во САД, Анатолиј Антонов, ја напушти функцијата во октомври.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Трамп полага заклетва за втор претседателски мандат

Русија ќе го назначи Александар Дарчиев, кој моментално раководи со северноамериканскиот оддел во Министерството за надворешни работи, за свој нов амбасадор во Вашингтон, објави Комерсант во ноември.