Пожарот Палисадес во областа Лос Анџелес, кој изгоре 9.596 хектари, беше 39 отсто локализиран до петокот вечерта, според Калифорниското одделение за шумарство и заштита од пожари.
Според тие податоци, во тој пожар биле оштетени или уништени 5.316 згради, пренесе NBC.
Пожарот Итон во областа Лос Анџелес беше 65 отсто локализиран до петокот вечерта, а 7.800 објекти беа оштетени или уништени во тој пожар.
Loading...
Пожарите во Лидија, Арчер, Вудли, Сансет, Кенет и Херст беа целосно изгаснати до петокот вечерта, пренесува Танјуг.
Најмалку 27 луѓе загинаа во пожарите во областа на Лос Анџелес од 7 јануари, според окружните власти.