Шеесетгодишен кумановец пријавил дека непознат сторител со уптореба на сила влегол во неговата бурекчилница и го ограбил.
Loading...
– На 17.01.2025 во 05.50 часот во СВР Куманово, М.Б.(60) од Куманово пријавил дека во периодот од 16.01.2025 до 17.01.2025 со употреба на сила било влезено во неговата бурекчилница и биле одземени пари и повеќе производи, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Како што додаваат од полицијата, извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Никола Ивановски