Руски дрон влегол во романскиот воздушен простор, кренати воените авиони

Сподели со своите пријатели

Руско беспилотно летало навлегло во романскиот воздушен простор за време на ноќниот руски напад врз Украина, а областа каде што влегоа дронвоите е идентификувана во близина на границата, во југоисточниот округ Тулчеа, соопшти денеска Министерството за одбрана.

Loading...

Ги кренаа авионите

Романија, членка на НАТО, како мерка на претпазливост веднаш полета два борбени авиони.

Паѓањето на делови од дронови и нарушувањето на романскиот воздушен простор се чести појави во изминатата година и половина, откако Русија ја нападна украинската пристанишна инфраструктура на реката Дунав, објавија регионалните медиуми.

Романија, Унгарија и Полска постојано забележаа прекршување на воздушниот простор откако Русија ги започна нападите врз Украина во февруари 2022 година.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Руската армија повратила повеќе од 60 отсто од територијата во регионот Курск