Нетанјаху: Нема да го одобриме договорот додека Хамас не ги прифати сите точки

Сподели со своите пријатели

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска го обвини палестинскиот Хамас дека „создава криза во последен момент“ и со тоа го одложи израелското одобрување на долгоочекуваниот договор за прекин на огнот во Појасот Газа и ослободувањето на десетици заложници.

Loading...

Кабинетот на Нетанјаху објави дека владата, спротивно на очекувањата, нема да се состане за да одобри договор за прекин на огнот и без заложници во замена за палестински затвореници додека посредниците не ја информираат дека Хамас „ги прифатил сите елементи од договорот“, пренесоа израелските медиуми.

Иако синоќа премиерот на Катар и американскиот претседател во заминување најавија дека е постигнат договор и ќе стапи на сила на 19 јануари, Нетанјаху продолжи да инсистира дека не се договорени сите детали.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Хамас ги отфрла израелските обвинувања: Ние сме посветени на прекинот на огнот

„Хамас се враќа на одредени точки од постигнатиот договор во обид да изнуди отстапки во последен момент“, се вели во соопштението од кабинетот на Нетанјаху.

Кабинетот на Нетанјаху во текот на ноќта соопшти дека спорот настанал околу ослободувањето на палестинските затвореници, тврдејќи дека Хамас „бара да се диктира идентитетот на овие убијци“ и дека тоа е спротивно на договорените услови.

Според верзијата на договорот што е објавена во јавноста, затворениците ќе бидат ослободени „врз основа на списоци договорени од двете страни“.

Високиот функционер на Хамас Изат ал Ришек денеска ги негираше обвинувањата дека екстремистичката група отстапила од некои точки од договорот, велејќи дека е посветена на него.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Палестинските власти ги поздравуваат дипломатските напори на Катар за мир во Газа

Сè уште не е јасно дали изјавите на Нетанјаху се насочени кон зачувување на неговата поделена коалиција или дали договорот со Хамас е навистина загрозен, наведува Асошиејтед прес.

Loading...

Хамас денеска соопшти дека најмалку 73 лица, меѓу кои 20 деца, се убиени во израелските воздушни напади врз Појасот Газа од синоќешното соопштение дека е постигнат договор.

Војната во Појасот Газа започна на 7 октомври 2023 година, по нападот на палестинските екстремисти предводени од Хамас врз јужен Израел, каде што убија околу 1.200 и киднапираа повеќе од 250 луѓе.

Во израелската офанзива на Појасот Газа што следеше, загинаа повеќе од 46.000 Палестинци, според Министерството за здравство на владата на Хамас, кое не прави разлика меѓу борци и цивили.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  600 полицајци ќе чуваат кошаркарски натпревар во Париз. „Постои сериозна закана“